Живот
19. September 2016 - 8:53

И докторите заплакале: Оваа потресна фотографија крие приказна која никогаш нема да ја заборавите

Брачниот пар Дон (84) и Маргарет (80) биле во брак 59 години, тие во август оваа година починаа заедно држејќи се за рака.

На вработените во болнице толку им прираснале за срце што нивните кревети ги свртеле еден кон дург за да можат да се држат за раце.

Маргарет починала на 19 август, а истиот ден подоцна и Дон.

Нивната ќерка пренесува како тој пред смртта на децата им рекол дека  едвај чека да ја види повторно сопругата во рајот.

На Дон му била дијагностицирана фиброза на белите дробови, додека Маргарет заболела од рак.

Фотографијата на која тие се држат за раце го разнежни светот, а кога се преселиле на другиот свет, ниту докторите не можеле да ги сокријат солзите.

„Овој случај никогаш нема да го заборавиме. Кога видовме како тие двајца кој цел живот го поминале заедно, своите последни моменти ги поминуваат исто заедно, останавме без зборови, тоа е чудесно“, изјавил еден од докторите.