Македонија
22. јуни 2018 - 8:11

И денеска сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а  дневната од 21 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи. Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.