Македонија
24. April 2020 - 19:42

И денеска повеќе оздравени од новозаболени, еден починат

Продолжува трендот на повеќе оздравени од новорегистрирани случаи со Ковид-19. Според податоците од ИЈЗ со вирусот се избориле 36 лица, од кои само двајца биле на болничко лекување. Изминатото деноноќие од компликации од коронавирус на Инфективна почина 80 годишен пациент од Скопје, само 3 дена бил хоспитализиран на Клиниката.

Новите 26 заразени се откриени со 408 тестирања. Најмногу новозаболени има во Скопје 11, а во Струга 6. Прв случај е потврден и во Виница, со што Ковид -19 е регистриран во 26 општини во Македонија.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти достигна 1326.

Во моментот само 108 пациенти се на болничко лекување, од нив 13 се во критична состојба и се приклучени на респиратор.