Македонија
14. February 2019 - 16:56

И денеска цел ден трае истрагата на местото на несреќата

Заврши увидот за причините за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци во која загинаа 14 лица. Засега не се знае причината за излетувањето на автобусот на Дурмо Турс. Стручните вештаци ги проверуваа трагите на кочење, начинот на кој автобусот излетал од патот и паднал во десетметарската провалија.

Дел од истрагата ќе биде здраствената состојба на возачот, односно дали тој е виновник за трагичната несреќа.

Жителите на Ласкарци се уште беа во шок од трагедијата која се случи во мирното село. Сведочат за страшна глетка, но нагонот да се помогне бил посилен од стравот.

Автобусот на компанијата „Дурмо-Турс“ што излета од автопатот Скопје-Тетово со специјална механизација беше извлечен од местото на несреќата и ќе биде префрлен во кругот на касарната Ѓорче Петров, каде што ќе се изврши негово вештачење.

Увидот во текот на денот се одвиваше под засилено полициско обезбедување. Во нeколку наврати беше стопиран и сообраќајот, додека истражителите не ги проверија сите делови од теренот каде што се случи несреќата.