Македонија
23. July 2019 - 11:31

И да заврши епидемијата на морбили невакцинираните деца нема да се примаат во градинка

Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинка и да заврши епидемијата на морбили.

При уписот мора да приложат уреден вакцинален картон, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и додаде дека како Влада ќе продолжат да го почитуваат законакото решение пред се за здравјето на децата.

Царовска ова го изјави на средбата со директорите и вработените во детски градинки кои добија покачување на платата за 16 проценти или во просек за околу 3000 денари.

Дополнително од септември ќе имаат уште 5 отсто повисоки плати. За прв пат во градинките се воведува и унапредување во кариерата.