Македонија
17. February 2019 - 16:17

И бугарското МНР со предупредување за можни терористички напади на ИСИС во Македонија

И Министерството за надворешни на Бугарија издаде предупредување од можни терористички напади во Македонија.. Во известувањето објавено на својата интернет страницата, бугарското МНР се повикува на информациите од македонската полиција за спречен терористички напад.. Пренесува и дел од предупредувањето на Амбасадата на САД според кое постои зголемен ризик од терористички акт организиран од радикалните структури на Исламска држава..

„По тој повод, Министерството за надворешни работи на Бугарија, им препорачува на своите граѓани при посета на Република Северна Македонија во следните денови, да се информираат за зголемениот ризик од терористички напади“, се вели во известувањето на бугарското МНР..

Иако се зголемува бројот на држави кои предупредуваат на можен терористички напад во земјава, од Министерството за внатрешни ниту денеска не откриваат детали од акцијата со која како што велат спречиле напад на ИСИС.. Според МВР, со размена на информации со партнерска земја спречила терористички напад кој го подготвувале борци на радикалниот ислам.. Во акцијата биле направени претреси при што одзеле уреди и предмети поврзани со можниот напад.. Од Јавното обвинителство велат дека по наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материјали веќе се предадени за вештачење..