Балкан
25. November 2015 - 0:08

И Албанец меѓу уапсените терористи во Италија

Меѓу четворицата кои беа уаспени вчера на аеродромот Катанија во Италија, под сомнеж дека се поврзани со терористички групи и се сметаат за лица од висок ризик, се наоѓа и еден државјанин на Албанија, објавија денеска албанските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА, уапсениот 20-годишен Албанец, кој требало да замине за Малта, според секторот за антитероризам, е „лице со висок степен на опасност за извршување терористички акти“.

Покрај Албанецот, уапсени беа и еден Сириец и двајца државјани на Малта. Сите уапсени поседувале фалсификувани италијански лични документи и дозволи за престој.