Бизнис
26. October 2018 - 19:40

И административците се иселуваат, затоа секој ден има нови огласи за вработување

Големиот број на огласи за вработување во администрацијата се должи на масовниот одлив на работници, тврди министерот на Манчевски. Сепак, Министерството во моментот нема точна бројка на вкупниот број работници кои ја напуштила администрацијата. За тоа ќе се чека годишниот извештај кој треба да биде објавен во март.

-Вработувања во јавниот сектор има и ќе има. Зошто? Затоа што институциите имаат и голема потреба. Не е само дека има прилив, има и огромен одлив. За жал, на кадри кои најмногу недостасуваат и во приватниот сектор. И кои што навистина е тешко да се најдат, вели Манчевски.

Манчевски вели дека во некои институции постојано има отворен оглас, но никој не се јавува. Тоа е така бидејќи во земјава нема доволно квалификуван кадар.

Надлежните сметаат дека најголем проблем е што повеќето работници кои ја напуштаат администрацијата си одат и од државата. Манчевски е свесен дека државата мора да работи на спречување на миграцијата.