Македонија
13. April 2021 - 14:50

И АА и Алтернатива најавија повлекување на амандманите

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска најави дека ќе ги повлечат амамдманите поднеснени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки.

Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека штом ќе се деблокира дебатата во Комисијата за обрана и безбедност за законот за државјанство, тие ќе ги повлечеме нивните амандмани од Комисијата за финансирање и буџет за законите за петтиот пакет економски мерки.

– Ние остануваме на она што го изјавивме претходно во рамки на дебатата за законот за државјанство. Штом ќе се повлечат амандманите кои го блокираа законот за државјанство и ние ќе ги повлекуваме нашите амандмани за петтиот економски пакет. Во моментот кога ќе бидат повлечени амандманите за државјанство, во тој момент ќе ги повлечеме и амандманите за петтиот економски пакет, рече Азири.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно, денеска соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство, што го достави опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива.

– Ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата… ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој апелираше до парламентарното мнозинство веднаш да се одржат и да продолжат со работа матичните комисии каде се наоѓаат законите од петтиот пакет на мерки, а потоа во текот на денот или најдоцна утре да се одржат и пленарните седници на кои би се гласало по овие точки.