Loading Video...
Балкан
24. March 2019 - 16:43

И 20 години по воздушните напади на НАТО, Србија и Косово со различни ставови за акцијата

Србија никогаш  нема да ги заборави  жртвите на НАТО бомбардирањето на  тогашна  созјуна Република Југославија кое  не ја постигна целта –решение за косовскиот проблем истакна претседателот Вуќик.

Со повеќе комертивни манифестациi и со палење на знамиња на НАТО и ЕУ Србија ја одбележува 20 годишината од НАТО бомбардирањето на Југолсавија.

Косово воената интервенција на Алијансата  ја слави како ослободување на денешната држава.  Воздушната акција на Алијансата стави крај на трегадијата на косовскиот  народ напиша на социјалните мрежи премиерот Рамуш Хаардинај а претседтелот Тачи  оцени - ОВК на земја и НАТО од воздух во заедничка борба за мир го присилија режимот на Слободан  Милошевиќ на капитулација. 

Настанот  од оваа година  како дел од ослободување на Косово  традицонално ќе се одбележува   и во Македонија порача од Скопје вицепремиерот на Косово. 

На денешен ден 24 март 1999 година од италијанската база во Авиано полетаа првите авиони на НАТО кои и во  следните 77 дена бомбардираа цели ширум Србија со цел окочнување  на косовскиот конфликт. Владата во Белград истата ноќ прогласи воена состојба.

Акцијата  беше изведена по наредба на тогашниот генерален секретар на НАОТ Солана а без одлука на Он.  Според српските податоци загинале над 2500 луѓе  а  вкупната материјална штета е процената е на десетици милијарди долари.