И 12 години по смртта на Трајковски и соработниците, сомнежите останаа - атентат или несреќа?
На кобниот 26 феврауари 2004 година, во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.
Според Цоне Крстевски, брат на Миле Крстевски, кој загина во авионската несреќа, смртта на претседателот е, како што рече, класичен атентат. За него сомнителни се сите околности од денот на полетувањето до падот на авионот.
- Констелацијата на односите на сето тоа летање, од понеделникот до четвртокот има многу замки и денот на избирањето на самото полетување, враќањето на другите делегации од невремото и слично, враќањето на нашата делегација од Даблин, сето тоа оди во прилог на сомнежи. За мене лично останува дека е атентат на претседателот, а сите што со него беа колатерална штета. За жал на Македонија, можеби тоа некој го планирал од поодамна, рече Крстевски.
Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека не произлегуваат нови околности кои би довеле до донесување на поинаква одлука од претходно донесената Резолуција.
- Во врска со истрагата за авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите сопатници до овој момент од досега утврдените факти во предметот, како и од поднесениот извештај од Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата и од други во меѓувреме добиени и прибавени материјали, во досегашната компарација со претходните извештаи и докази, не произлегуваат нови околности кои би довеле до донесување на поинаква одлука од претходно донесената Резолуција, се наведува во соопштението на ЈО.
За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.
И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.
На барање на Македонија, со поддршка од европратеникот Андреас Грос, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР беше отворена нова истрага во јануари 2013 година која ја водеше Кулиќ.
Во првиот извештај како директна причина за падот на „кингерот“ се наведени „процедурални грешки во приодот за слетување, по висина и по место, на аеродромот во Мостар, на контролиран лет“. Во вториот се наведени и системските пропусти, а е објавен и транскриптот од црната кутија односно целиот разговор меѓу пилотите и разговорот со контролата на летање.
Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во Македонија и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на „кингерот“, стои во новиот извештај што го презентираше Кулиќ.
Македонската страна во целост ги прифаќа наводите со дополнителни предлози кои се однесуваат на ВОР системот, самата процедура, барањето и спасувањето по падот на кингерот и формулацијата за пловидбеноста на воздухопловот. Но, за македонската страна е нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот, иако Кулиќ вели дека контролорот на летање знаел каде е урнат авионот.
Сотир Костов, македонски претставник во Комисијата, изрази задоволство како е сработен извештајот во воздухопловниот дел, но рече дека во целост не се согласува со обесчестувањето на РМ во 2004 година на која и е скриена вистината за падот на „кингерот“.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора