-->
-->
Хуманитарниот брод „Викинг на океанот“ доби дозвола да вплови во Лампедуза
-->
Хуманитарниот брод „Викинг на океанот“, на кој се наоѓаат 82 мигранти денеска доби дозвола да вплови во пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза.
Екипажот на бродот наведе дека италијанските власти им дале такви инструкции.
-Викинг на океанот“ со денови апелираше да му се овозможи да пристапи до некое пристаниште. Со бродот управуваат организациите Лекари без граници и СОС Медитеран.
Не се знае дали денешната дозвола значи дека новата италијанска Влада ја омекнува мигрантската политика. Претходната владеачка коалиција им забрани на хуманитарните бродови да носат мигранти во Италија.
Мигрантите на бродот беа извлечени од шверцерски чамци на 8 и на 9 септември во водите на Медитеранот. Една бремена жена пред пораѓање и нејзиниот сопруг претходно неделава добија дозвола да го напуштат бродот и беа префрлени на Малта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка