Македонија
2. October 2016 - 8:59

Хуманитарна трка за 70 години централно-банкарски активности во РМ

По повод одбележувањето на јубилејот 70 години централно-банкарски активности во Република Македонија, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Синдикалната организација при НБРМ со поддршка на Општина Аеродром денеска организираат хуманитарна трка.

Трката ќе се одржи на патеката на кејот на реката Вардар, од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) до спортскиот центар „Јане Сандански“ во населба Аеродром. Ќе учествуваат вработени од финансискиот сектор на Република Македонија, а собраните средства ќе се донираат во центрите за деца со посебни потреби. На крајот од трката, во Паркот со езерата, ќе се организира културно-забавна програма и ќе бидат доделени наградите за победниците. 

На патеката, покрај хуманитарната трка, ќе се одвиваат и други спортски активности - трчање, возење ролерки и велосипед, како и брзо пешачење. 

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон хуманитарниот спортски настан.