Македонија
30. April 2016 - 15:37

Хуманитарна манифестација во Гевгелија

Во пререт на Велигден, денеска во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се одржа хуманитарно-продажна изложба на разгледници од рециклирана хартија и јајца наловена како „Велигден-наша радост“.

Екпонатите што беа изложени на продажба низ три работилници се изработени од децата од Дневниот центар за лица со умерена и тешка попреченост во развојот под менторство на Мери Кузманова и Кејти Гавит од Мировниот корпус и од учениците четвртоодделенци од ООУ „Крсте Мисирков“, од Гевгелија под менторство на класните раководители Митра Попова и Катица Маркова.

- Целта на оваа изложба ја остваривме, а таа е првенствено младите да се запознаат со значењето на големиот христијанки празник Велигден и продолжување на неговата традиција, изјави проект менаџерот Катерина Гоцевска која нагласи дека собраните финансиски средтва ќе бидат наменети за штитениците на Дневниот центар на лицата со посебни потреби од Гевгелија.