Македонија
22. August 2015 - 12:28

Хуманитарна и медицинска помош за мигрантите кај Гевгелија од Црвениот крст

Екипите на Црвениот крст на Македонија давгаат медицинска и хуманитарна помош на мигрантите кои поминуваат на македонско-грчката граница. 

Слободан Митровиќ од Црвениот крст на Македонија вели дека мигрантите добиваат пакети со храна, вода и за итна медицинска помош.

- Ние сме тука да им дадеме медицинска и хуманитарна помош, вели Митровиќ и додава дека дневно имаат меѓу 50 и 200 интервенции во зависност од големината на групата мигранти кои стигнуваат од Грција на железничката станица во Гевгелија