Македонија
29. March 2020 - 12:30

Хуманитарна акција за социјално-загрозените семејства во Берово

Во Берово спроведена хуманитарна акција за помош на социјално ранливите категории на граѓани. Во рамки на акцијата како што информираа од Општината, општествено одговорни фирми, здруженија на граѓани и поединци од Малешевијата обезбедија прехранбени пакети кои ќе им бидат поделени на споменатата категорија граѓани.

– Голем број на хумани граѓани и фирми, се приклучија на акцијата за донирање за социјално-ранливата категорија на граѓани, во услови, кога владее глобална епидемија од корoна вирусот. Донацијата се состои од прехранбени продукти, која пристигна од Здружението на граѓани ,,Владимирски илинденски средби”, од село Владимирово, како и големиот хуманист Благој Механџиски – Зегин, информираа од Општината.

Донациите, како што додадоа ќе се примаат и во наредниот период.

– Апелираме до сите хумани граѓани кои се ви можност да одвојат од својот буџет, со што ќе донесат насмевка во домовите на семејствата на кои во овој момент на епидемија од корона вирус, ќе им биде добредојдено, додадоа од Општина Берово.

Претходно во Берово успешно беше спроведена акцијата ,,Донирај мед за имунитет” во чии рамки 65 семејства ќе добијат мед и пчелни производи од Малешевијата.