Македонија
15. October 2016 - 14:36

Хуманитарна акција во општина Карпош

По повод јубилејниот 40-ти роденден на Општина Карпош, а во рамките на Деновите на Општината, денеска и утре ќе се одржи традиционалната хуманитарна манифестација „Да бидеме хумани за нашите соседи“.

Акцијата ќе се спроведе пред поголемите супермаркети на територија на Општина Карпош.

Општина Карпош ги повикува сите хумани граѓани да помогнат и да ја покажат својата солидарност со донација на трајни производи за своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, овој викенд пред маркетите  кадешто ќе пазарат за своите домашни потреби.