Хуманитарна акција во Гостивар: Со срце дарувај, ученик израдувај
Општина Гостивар од утре започнува хуманитарна акција под мотото „Со срце дарувај, ученик израдувај“ за прибирање училишен прибор за првачињата од социјално ранливи семејства. Акцијата ќе трае до 5 септември, а донациите ќе се прибираат во книжарници и маркети низ градот.
– Нашата идеја е да внесеме радост кај првачињата, чии родители немаат можност да им го обезбедат приборот што ќе им биде потребен за на училиште. Граѓаните кои се можност да издвојат од нивните буџети, донациите ќе може да ги оставаат во посебни кутии, предметите потоа ќе бидат распределни по училиштата и на учениците кои имаат таква потреба. Апелираме до гостиварци да ја поддржат акцијата и да ги олеснат првите школски денови на посиромашните сограѓани, вели раководителката на Секторот за образование Аслијан Снопче.
Посебни кутии за донирање на училишен прибор од утре ќе бидат поставени во маркетите на неколку локации кои во овој период се посетени за набавака на училишен прибор и опрема во маркетите на „Монтенегро” и “ЕТЦ” , и во книжарниците: „Европа”, „АС”, „Култура-Гос”, „АБЦ” и „5 Плус”.
Ново на Сител
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден