Хуманитарна акција на Црвениот крст од Куманово
Општинската организација на Црвен крст Куманово во пресрет на новогодишните празници организираше хуманитарна акција во која беа посетени селата од козјачкиот регион и беше поделена хуманитарна помош на семејства во социјален ризик.
Бојан Петрушевски, секретар на ОО на Црвениот крст информираше дека новогодишни пакетчиња се доделени на 20 деца од козјачкиот регион кои престојуваат во интернатот во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце.
Тој додаде дека во рамките на акцијата се поделени и прехранбено-хигиенски пакети на пет семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата од тој регион.
Во рамките на акцијата, волонтерите од кумановскиот Црвен крст донираа 15 прехранбено-хигиенски пакети на корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со пречки во развојот „Порака Наша“ Куманово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство