Македонија
25. December 2015 - 17:00

Хуманитарен ултрамаратон за велешанецот Зоран Димов

На атлетската патека на Градскиот стадион во Велес утре на пладне ќе се одржи хуманитарен ултрамаратом под мотото „Трчај, донирај и биди хуман“ наменета за помош на ултрамаратонецот Зоран Димов од Велес.

Освен во  Велес, ревијален полумаратон за Зоран Димов, ќе се одржи во уште неколку градови низ Македонија.

Зоран Димов (52) има истрачано 102 маратони и околу 50 ултрамаратони. Тој пред две и пол години се здоби со повеќе фрактури на двете нозе по тешка сообраќајна несреќа минувајќи на пешачки премин и по бројни операции за жал тешко се заздравува. Поради компликации со бактерија во коските сега му следат и нови операции.

Димов е државен репрезентативец на Македонија и член на АК „Изгрев“ од Велес. Тој го воведе ултрамаратонското трчање во Македонија и планинското трчање. Во 2012 година Зоран Димов  е избран за најдобар спортист на Велес.