Македонија
5. јуни 2016 - 9:39

Хуманитарен „Светски пикник“ во Градски парк

Хуманитарен „Светски пикник“ ќе се одржи денеска напладне во Градски парк, по повод 10 годишнината од постоењето на Советот на странски инвститори при Стопанската комора на Македонија.

Странските инвеститори во државава кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија на пикникот ќе претстават дел од културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

Настанот е отворен за сите посетители, а поради  хуманитарниот карактер на настанот,  храната ќе се послужува за симболична цена од 100 денари. Собраните средства ќе бидат донирани за потребите на народните кујни во Македонија. За цената на билетот, секој посетител ќе добие можност да вкуси автентично главно јадење, десерт и пијалак. Денот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика и забава, а за децата предвидени се едукативни и интерактивни игри.