Хуманитарен концерт со лица со оштетен вид
Црвениот крст на град Скопје во рамките на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот, денеска организира мини хуманитарен концерт со лица со оштетен вид.
Концертот ќе биде во времетраење од два часа, а свој перформанс ќе има пијанистката Ема Ананиевска, која е лице со оштетен вид. Организаторите највуваат и изложбен базар на ракотворби изработени од лица со оштетен вид. Сите собрани средства, преку програмата Црвен крст во Акција - Промоција на хумани вредности ќе бидат донирани за изградба на тоалет за слепо дете кое живее во субсандардни услови.
Оваа активност е дел од тековните активности на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид кој функционира при Црвен крст на Град Скопје. Овој центар започна со работа во месец декември 2016-та година и е отворен секој ден за сите заинтересирани посетители од 9:00 до 17:00 часот.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина