Македонија
3. November 2018 - 9:26

Хуманитарен концерт на Мимоза Ќека и Јована Трајчева

Во Македонска филхармонија вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт насловен „Есенска бајка“. На концертот ќе настапат Мимоза Ќека и Јована Трајчева кои ќе изведат дела од Рахмањинов, Чајковски и Равел. 

Хуманитарниот концерт „Есенска Бајка“  се одржува за поддршка на СОС Детско село Македонија, и целокупниот приход од продажбата на билетите ќе биде наменет за спроведување на вон школските активности на децата кои растат под закрила на организацијата.