Хуманитарен базар за иконостасот на црквата Свети Кирил и Методиј во Гевгелија
Здружението „Православна жена“ со благослов на архиерејот Повардарски, господин Агатангел, во дворот на црквата ,,Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија организираше хуманитарен базар на кој на продажба беа изложени разни подароци и посни колачи.
Собраните парични средства од многуте православни верници кои го посетија базарот, според отец Русе Жековски, ќе бидат наменети за доработка на фрескоживописот на црквата кој веќе една година го изработуваат ликовните уметници Гоце Јанкуловски од Блатец, Дејан Сандев од Свети Николе и Тодор Попов од Гевгелија во рамки на втората фаза од целосното реновирање на црквата.
Во првата фаза која започна летото 2016 година беше заменет стариот покрив, беа поставени ПВЦ прозорци и нови резбани дрвени врати, тавани, под и нова фасада, рече отец Жековски кој нагласи дека моментно се реализира втората фаза од реновирањето во која се цртаат нови икони и фрески, а ќе се прави и новиот иконостас за заокружување на комплетното реновирање кое се очекува да заврши во првата половина на 2020 година.
Ова е прво целосно реновирање на црквата ,,Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија која е изградена во 1896 година.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители