Македонија
2. December 2016 - 17:43

Хуманитарен базар на здрава храна во Велес

Во Основното училиште „Блаже Конески“ во Велес денеска се одржа 5.Базар на здрава храна, кој има хуманитарен карактер.

 
Во поливалентниот простор на училиштето на убаво изложените штандови кои ги украсија учениците, родителите и наставниците за посетителите, се продаваше домашно подготвена здрава храна. Воедно се продаваа и  печива подготвени од велешките пекари кои исто така се вклучија во хуманитарниот базар.
 
Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на сензорна соба во училиштето.
 
Со Базарот се одбележа и претстојниот Меѓународен ден на лицата со инвалидитет.