Хумана кампања за помош на младите спортисти во Прилеп
Распродажба на производите за собирање средства за набавка на опрема за кадетите на ракометниот клуб „Прилеп 2010“, денеска во центарот на градот спроведе прилепската компанија „Комфи Ангел“.
Организаторите, очекуваат да се соберат околу 10.000 евра со кои ќе биде набавена опремата и ќе им се помогне на младите, идни надежни ракометари да продолжат со посветеноста и тренинзите.
Според косопственикот на оваа македонско-британска фирма Ирена Јакимоска со ова почнува обемната кампања во повеќе градови низ земјава каде ќе се собираат средства за помош на спортски клубови.
– Ова е седма година како ги спроведуваме овие хуманитарни кампањи. Досега во нашиот фокус да се помогне со средства беа лицата со посебни потреби. Годинава го почнуваме караванот во Прилеп и во договор со општините каде ќе се спроведува наредните месеци оваа акција, ќе се донира опрема каде што е потребна за младите спортисти, рече Јакимоска
Кампањата наредните месеци продолжува во Битола, во Охрид, Гевгелија, Велес, Скопје и Куманово.
Изрази надеж дека и другите стопанственици ќе ги поддржат со цел Прилеп да изгради врвни ракометари.
– Имаме околу 40 деца кои тренираат и работат на возраст од 15 години и помали. Во моментов тешко е од финансиски аспект. Треба да имаме добри услови за работа, да може да учествуваат и надвор од Прилеп и од Македонија. Недостасува се – финансии, добра инфраструктура. Имаме поддршка од општината, но ни треба поширока од заедницата, зашто со спортот градиме иднина, истакна Котевски.
Ново на Сител
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593