Фудбал
3. јуни 2016 - 10:37

Хуман потег на Роналдо

Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо, според пишувањата на шпанските медиуми, во добротворни цели ќе ја донира паричната награда која ја доби за освојување на Лигата на шампионите.
Кристијано Роналдо, со Реал, пред една недела ја освои титулата во Лигата на шампионите, која е втора за клубот во последните три години, вкупно 11-та за Реал.
 
Првиот човек на клубот, секој играч за освоената титула го награди со 600.000 евра, но Португалецот нема намера да ги задржи тие пари.
 
Шпанските медиуми пренесуваат дека тој му наложил на својот менаџер Жорге Мендеш да истражи која добротворна организација најдобро би можела да ги искористи тие 600.000 евра.