Македонија
12. July 2016 - 13:34

Хулиганите на СДСМ ги нарекуваа убијци, а Тричковски посака куп мртви полицајци

СДСМ и Сорос продолжија со заканите и навредите кон македонската полиција. Вандалскиот и понижувачки однос на шарените хулигани кон припадниците на МВР беше дел од „декорот“ и на синоќешниот протест пред Министерството за финансии. Полицијата повторно беше брутално навредувана и напаѓана од хулиганите на СДСМ предводени од високото партиско раководство на чело со Оливер Спасовски, поранешниот технички назначен министер за внатрешни работи.

СДСМ-овските вандали ги пцуеја фамилиите на полицајците, а чуварите на редот и мирот и луѓето кои ги ризикуваат и положуваат своите животи за одбрана на територијата на Македонија и безбедноста на граѓаните од страна на разјарената толпа на СДСМ повторно беа нарекувани – убијци.

Ваквиот однос е редовна пракса на сите насилни протести организирани и предводени од СДСМ. Полицијата е гаѓана со камења, шипки и тврди предмети, а разгневените насилници на СДСМ ја користат секоја прилика за да им се закануваат на припадниците на МВР.

Една од новинарските перјаници на СДСМ Бранко Тричковски синоќа на својот фејсбук профил објави статус со ужасна содржина, посакувајќи „куп мртви полицајци“.

sard

Ова не е прв пат и за Тричковски да посакува смрт на припадниците на МВР. Минатата година во екот на случувањата во Куманово, тој за полицијата напиша:

„Полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на Големиот идиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните животи во првата наредна прилика“

lani

Минатата година на насилните протести пред владата организирани од СДСМ, на само неколку дена пред 9-ти мај и случувањата од Диво Насеље, беа повредени 38 полицајци.

Оваа година, СДСМ-овските протестирачи на полицијата и порачаа: „Куманово пак да ви се деси“.