Loading Video...
Ф1
31. July 2020 - 15:55

Хукенберг ќе биде замена за Перез кој е позитивен на Ковид-19

Откако и официјално беше потврдено дека Серхио Перез е позитивен на Ковид-19, тимот на Рејсинг Поинд најде замена Мексиканецот, за претстојните трки во Формула 1 првенството 
 
Искусниот Нико Хулкенберг ќе го менува Мексиканецот, Перез на трките на трките во „Силверстон“. 
 
32-годишниот Хулкенберг кој го загуби своето место во Рено, на пат кон Нинбургринг каде требало да настапи на друга трка добил повик од директорот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер, да помогне во овој тежок момент за тимот. 
 
За Хулкенберг британското Гранд-при ќе биде 178-ми настап во Формула 1 шампионатот. 
 
Што се однесува до Перез, тој и сите во неговиот тим со кој бил во контакт се во изолација, а се верува дека Мексиканецот, вирусот го добил при посетата на неговата мајка откако по унгарското Гранд-при заминал за Мексико.