Балкан
21. July 2017 - 13:55

Хрватските пожарникари објавиле фотографија со доказ дека пожарот е подметнат: Прашуваат дали ова е тероризам?

Доброволното пожарникарно друштво на општина Градац објавило фотографија од цигара на која се залепени неколку шкорчиња.

- Пронајдовме доказ дека пожарот е подметнат - напишале пожарниакрите од Градац на својот Фејсбук профил.

- Всушност, утрово на едно место кое се уште не е допрено од пламен, пронајдена е цигара околу која се залепени неколку шкорчиња, служи на пироманот одложено да запали огин како на време би избегал од лице место. Ние ризикуваме живот, влегуваме во пламен, спасуваме луѓе и имот, што прават тие, подметуваат, дали ова е тероризам??? - прашуваат пожарникарите од ДВД Градац.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ вчера изјавил дека пожарот во Далмација е резултат на отворен пламен или жар.

Рекол дека исклучена е можноста пожарот да е предизвикан од далековод.