-->
-->
Хрватскиот суд ја одобри екстрадицијата на Исмаил Морина
-->
Врховниот суд на Хрватска ја потврди првостепената пресуда на судот во Дубровник, со што е утврдено дека се исполнети сите услови за екстрадирање на Исмаил Морина во Србија. Неговиот адвокат веднаш поднел нова жалба за одлуката.
Конечната одлука за случајот треба да ја донесе хрватскиот министер за правда.
Српски власти побараа екстрадицијата, бидејќи во 2014 година Морина пуштил дрон со знамето на Голема Албанија на натпревар на националните тимови на Албанија и Србија во Белград.
Србија го обвинува Морина за „предизвикување на религиозна, расна и национална омраза“.
Морина беше уапсен во Хрватска во јуни по барање на српските власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот