Хрватскиот претседател Милановиќ во приватна посета на Албанија, по покана на премиерот Рама
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во наредните два дена ќе престојува во приватна посета на Албанија по лична покана на премиерот Еди Рама.
Педесет и шест годишниот Милановиќ, кој ја предводеше дванаесеттата хрватска влада од 2011 до 2016 годна, подолг период беше еден од советниците на премиерот Рама.
Ова го потврди лично Рама на заедничката прес конференција во Тирана, одржана на почетокот на ноември 2017 година, со тогашниот еврокомесар за соседска политика и пристапни преговори,Јоханес Хан.
– Хрватска е одлична држава која е пример во регионот. Зоран е еден голем пријател, сум барал совети од него и ќе барам, тие се секогаш добредојдени. Сакам да кажам дека тој е толку добар со мене што никогаш не е доцна кога дава совет, одговори тогаш Рама на прашање на новинар на хрватски медиум.
На предизборното соочување пак со неговата противкандидатка Колинда Грабар Китаровиќ во јануари годинава, Милановиќ рече дека имал пријателство со Рама,но дека не работел за него.
Ново на Сител
-
Сабаленка прогласена за тенисерка на годината од страна на „WTA Player Awards“
-
Во Скопје попладне протест за чист воздух
-
Собранието ќе ја одржи 22. седница
-
Реферирање за борбената готовност на Армијата пред претседателката Силјановска Давкова
-
Сирија беше тема на состанокот зад затворени врати на Советот за безбедност на ОН
-
Блумберг: Фејсбук-кампања стои зад победата на крајнодесничарскиот кандидат во Романија
-
Киев ќе одржи средба за заедничка стратегија со европските сојузници
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, магла на патот Шипковица - Попова Шапка