Хрватскиот амбасадор во Србија одби да прими протестна нота од Белград за спорот со границата
Хрватскиот амбасадор во Србија денеска одби да ја прими протестната нота од Србија поради блокадата на границата, бидејќи Хрватска смета дека српската оценка дека тие мерки може да се споредат само со мерките од времето на Независна Држава Хрватска се навредливи и неприфатливи, соопшти хрватското Министерство за надворешни и европски прашања.
- Амбасадорот на Република Хрватска во Република Србија одби да ја прими протестната нота од страна на Министерството за надворешни работи на Република Србија бидејќи Република Хрватска квалификациите наведени во нотата за дискриминаторскиот карактер на мерките кои може да се споредат само со мерки преземени во минатато, во време на фашистичка Независна Држава Хрватска ги смета за крајно навредливи, непримерни и неприфатливи за комуникација со земја сосед, се наведува во соопштението на хрватското Министерство.
Министерството за надворешни работи на Србија денеска упати протестна нота до Амбасадата на Хрватска во Белград во која најостро се протестира поради мерките за забрана на влез во Хрватска, што надлежните органи ги применуваат кон носачите на патни исправи од Србија и возила со српски регистарски ознаки на граничните премините меѓу двете земји.
- Ваквите и слични мерки на полициските органи на Република Хрватска, а особено физичко одделување на носителите на патни исправи од Република Србија од останатите патници, не се забележани во цивилизираниот свет. По својот дискриминаторски карактер може да се споредат само со мерки преземени во минатото, во време на фашистичка Независна Држава Хрватска. Хрватска со преземање на овие мерки грубо ги крши темелните принципи на ЕУ, ОН, Советот на Европа и други меѓународни организации во кои членува, се наведува во пораката на српското Министерство.
Хрватските власти го затворија граничниот премин Бајаково за камионски и патнички сообраќај од Србија, истакнувајќи дека со тоа сака да изврши притисок на српските власти бегалците наместо кон Хрватска да ги насочува кон Унгарија и Романија. Србија возврати со контра мерки забранувајќи влез на хрватски стоки на своја територија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари