Хрватски медиуми: Застрелано момчето кое било врска помеѓу хулиганите и навивачите на Партизан
Хрватските весници пишуваат дека во Сплит бил ранет 28-годишниот Дејан Б. кој тие го поврзуваат со хрватските хулигани кои учествуваа во немирите за време на фудбалски натпревар во Белград, на трибината на навивачите на „Партизан“. Според информациите, тој пред неколку години се вратил во Хрватска од Белград, а претходно бил уапсен под сомнение дека запалил автомобил.
„Откако шестмина жители на Сплит во средината на декември беа уапсени за поттикнување немири на стадионот на ЈНА во Белград, до нашата редакција стигнаа неколку пораки во е-пошта во кои упатените извори тврдат дека Дејан Б. бил врската што ги поврзала шесттемина со белградскиот организатор на немирите. Официјална потврда за ваквите тврдења не бевме во можност да добиеме од полициските кругови“, се вели на веб-страницата на Слободна Далмација.
Во објавата се додава дека таткото на 28-годишникот бил возач кој во 1993 година се преселил од Сплит во Белград, така што Дејан поголемиот дел од својот живот го минал во главниот град на Србија, а пред неколку години се вратил во Хрватска.
Колку за потсетување, во немирите што избувнаа за време на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда во стадионот во Белград учествуваа и хрватски државјани, кои потоа беа уапсени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација