Балкан
30. December 2020 - 10:58

Хрватската влада го прогласи 2 јануари за ден на жалост

Владата едногласно го прифати прогласувањето на денот на жалост. Како што рече премиерот, Андреј Пленковиќ, за тоа биле информирани претседателот на државата и парламентот.

На почетокот на седницата беше одржано едноминутно молчење.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала загинаа седум лица, а десетици беа повредени.