Фудбал
18. November 2015 - 14:13

Хрватската полиција упадна во канцеларијата на Шукер!

Фудбалската репрезентација на Хрватска утринава во драматични околности се врати од Русија. На аеродромот Плесо ги дочека група новинари но и полицајци во цивил кој го приведоа извршниот директор на Хрватскиот Фудбалски Сојуз, Дамир Врбановиќ. Рано утрината е приведен и потпретседателот и прв човек на Динамо Здравко Мамиќ како и неговиот син Марио. 
Портпаролот на ХНС , Томислав Пацак не дозволи прашања е преку соопштение потврди дека во канцелариите на сојузот влегла специјалната полиција УСКОК. 
Обвинителството ги „чешла“ двете најсилни хрватски фудбалски институции ХНС и Динамо Загреб под сомнение дека испумпале 20 милиони евра од трансфери на фудбалери  на Динамо во периодот од 2004-2015г. 
Интересно е дека додека се проверува неговата канцеларија од Русија не се врати претседателот на ХНС Давор Шукер кој заминал во непознат правец.  Се шпекулира дека е во Лондон.