Хрватската Државна изборна комисија ги соопшти резултатите од предвремените избори
Хрватската Државна изборна комисија ги соопшти резултатите од предвремените парламентарни избори на 11 септември, откако беа обработени сите гласачки ливчиња, јави Хина.
По пребројувањето на гласовите, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) доби 61 мандат во парламентот кој содржи вкупно 151 член.
Народната коалиција на чело со Социјалдемократската партија (СДП) доби 54 мандати, партијата Мост 13, партијата Жив ѕид доби осум мандати, Истарски демократски сабор три мандати, партијата на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ два, Хрватска демократска заедница на Славенија и Барања еден мандат, и независниот кандидат Жељко Гласановиќ еден мандат.
Останатите места во парламентот се наменети за претставниците на малцинствата и дијаспората.
Лидерот на ХДЗ Андреј Пленковиќ изјави дека уште денеска ќе ги започне разговорите за потенцијални коалициони партнери.
Лидерот на социјалдемократит Зоран Милановиќ вчера индиректно даде до знаење, дека е подготвен за голема коалиција, а лидерот на Мост Божо Петров им даде на ХДЗ и на СДП рок од пет дена за да ги прифатат условите на Мост.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО