Балкан
12. August 2022 - 19:46

Хрватска: Татко го прегази својот 2-годишен син паркирајќи го автомобилот

Таткото додека го паркирал автомобилот не го забележал своето дете и го прегазил додека си играло во дворот.

Трагедијата се случи денеска во местото Руновиќи кај Имотски во Хрватска. Детето било прегазено со автомобил и починало од здобиените повреди во болницата во Имотски.

Според весникот Dalmacija Danas, се работи за странски државјани кои биле на одмор во Хрватска во селото во близина на Имотски. Тие биле долгогодишни гости во Имотска Краина и секоја година доаѓале на одмор во Хрватска.