Македонија
14. September 2018 - 16:19

Хрватска со совети за македонската евро-атланска интеграција

Македонија и Хрватска после распаѓањето на Југославија пред 27 години, јасно ставија до знаење дека сакаат да бидат членки на ЕУ и НАТО, затоа што сакаат да бидат силни економски и просперитетни, рече денеска во Битола хрватската амбасадорка во Македонија која беше дел од  јавната дебата за перспективите кои ги отвора НАТО интеграцијата.

-Хрватска е членка и на ЕУ и на НАТО и нејзиното членство донесе многу придобивки, и на економски и на безбедносен план. Хрватска е мала држава, но нејзиното членство во овие две организации и овозможи да се слушне нејзиниот глас. Како членка на ЕУ и НАТО ние сакаме и Македониај да влезе во овие две организации, рече Даниела Баришиќ, амбасадор на Хрватска во Македонија.

Целта на дебатите е отворено се разговара со граѓаните, да се слушне нивниот став.

-Сите досегашни анкети покажаа дека на граѓаните им е доста јасно, штом се зијаснуваат над 80% за членство во ЕУ и НАТО, истакна Исмет Рамадани, претседател на Евро-атланскиот совет на Македонија. 

-Ние знаеме дека Македонија се наоѓа на една историска раскрсница и граѓаните се тие кои ќе треба да донесат одлука во кој правец да се движи Македонија. Денешниот настан се надеваме дека ќе обезбеди повеќе информации, кои што ќе им помогнат на граѓаните да донесат правилна одлука на 30 септември, рече Едвард Гонзалес, директор на канцеларијата за општ развој на УСИД. 

На јавната дебата обраќање имаше и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.