Loading Video...
Кошарка
11. February 2018 - 15:20

Хрватска сепак пресилна за македонските кошаркарки

Женска кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во квалификациите за ЕП 2019 година. 

Синоќа во Скопје, нашите девојки беа поразени од Хрватска со 47:108 

Гостинките само потврдија дека во моментов се далеку подобар тим од нашиот и ја оправдаа фаворитската улога.

Анџелика Митрашиновиќ беше единствената наша кошаркарка која колку толку успеваше да им зададе проблеми на Хрватките во одбраната ка нашата капитенка средбата ја заврши со 24 поени. 

Со оваа победа, како и триумфот на Италија на гостувањето во Шведска сега три селекции, Хрватска, Италија и Шведска имаат скор од 2 победи и еден пораз додека Македонија е последна без победа. 

Следниот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на гостински терен против Италија во среда на 14 февруари