Loading Video...
Ракомет
25. January 2020 - 14:56

Хрватска против Шпанија во финалето на ЕП

Хрватска и Шпанија ќе играат во финалето на 14-тото Европско првенство за ракометари, на кое остануваат уште дуелите за медал. 
 
Во првиот полуфинален меч, Хрватите по голема борба и 20-минути продолженија ја победија Норвешка со 29:28. 
 
Откако регуларниот дел заврши нерешено 23:23, а и по првите 10-минути продолженија немаше победник, првиот финалист беше решен на 4.секунди пред крајот на второто продолжение, кога по асистенцијата на Карачиќ, Жељко Муса го постигна голот за финале за Хрватска. 
 
А, во него. Хрватите за противник ќе го имаат актуелниот шампион Шпанија која во второто полуфинале ја совлада Словенија со 34:32.
 
Иако „црвената-фурија“ имаше и убедлива предност од пет гола уште на полувремето, а истата ја одржуваше до 5.минути пред крајот, Словенците успеаја да се вратат во игра и во завршната минута да влезат со гол негатива. Но. Шпанците можеби и предолго добија шанса од судиите која не ја пропуштија, па со голот на Душебаев стигнаа до победата. 
 
Големото финале меѓу Хрватска и Шпанија на програмата е утре од 16:30 минути, а попладнево на првенството се играат два меча. 
 
Во дуелот за петата позиција се среќаваат Германија и Португалија, а во борба за бронзениот медал ќе играат Словенија и Норвешка.