Хрватска презема вреден недвижен имот на поранешна Југославија
Хрватска во најновиот круг на враќање на дипломатските и конзуларни претставништва на поранешна Југославија ќе преземе недвижен имот вреден десетици милиони долари.
Хрватска ќе го преземе недвижниот имот во Тунис, Кенија, Мадагаскар и во Алжир, кои на еднакви делови се поделени меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина..
- За преземањето ќе се договориме билатерално. Договорот ќе биде постигнат пред примопредавањето, што ќе се реализира најдоцна до 1. октомври. Во постојан контакт сме со претставниците на БиХ, се наведува во соопштението на хрватскто Министерство за надворешни работи.
Некои од претставништвата ќе бидат продадени поради тоа што се преголеми за поделба.
Најмалку 10 милиони доалри ќе добие Хрватска од продажбата на зградата на амбасадата и резиденцијата во Њујоорк, а потоа и објектите во Токио, Бон и Берн. Вредноста на тие објекти се проценува на 42,7 милиони долари од кои на Хрватска и припаѓаат 23,5 отсто.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите