Балкан
19. October 2015 - 22:44

Хрватска повторно ја отвори границата, сите имигранти преминаа

Хрватска во доцните попладневни часови повторно ја отвори границата со Србија пропуштајќи повеќе илјади имигранти кои таму беа заглавени речиси два дена, јави Танјуг.

Портпаролката на УНХЦР Мелита Шуњиќ која се наоѓа на границата рече дека „границата се отвора без најава и дека тогаш сите наеднаш тгрнуваат“.

Од хрватска страна бегалците чекаат автобуси кои ги превезуваат во прифатниот центар Опатовац, а превозот го обезбедува хрватската полиција.