Хрватска политичарка пронајдена мртва во својот стан
Поранешна пратеничка на Жив ѕид во Ријека, Мирјана Јукиќ пронајдена е мртва вчера во својот стан. Околностите на смртта уште не се утврдени и не може со сигурност да се каже што точно се случило.
Според неофицијални информации не станува збор за самоубиство, но не и за кривично дело.
-За оваа трагедија ни јави нејзината сосетка која кажа дека ја видела низ прозор дека лежи на под во својот стан. После тоа е повикана полиција која влегла во станот и утврдила дека нашата колешка починала, наведуваат од Жив ѕид.
Мирјана Јукиќ е родена на 20. април 1970 годин, а во Градското собрание влегла пред две години и по една година откако Жив ѕид на локалните избори бил во коалиција со Акција на младите. Како градска пратеничка не се експонирала премногу, но упатените велат дека била многу ангажирана кога станува збор за социјалните прашања.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците