Балкан
7. July 2020 - 13:43

Хрватска погодена од силно невреме

Силно невреме синоќа и утрово погоди повеќе хрватски градови, при што е повредено едно лице, откако врз неговиот автомобил паднало дрво.

Во Далмација ветерот дуваше со брзина од 153 километри на час, а и денеска во некои делови во сила е жолт и портокалов  аларм, а за Велебитскиот канал поради бурата објавен е црвен метеоаларм.

Во Пула и во Умаг ветерот корнеше дрва и носеше покриви, додека во Сплит пожарникарите го расчистуваат хаосот што го предизвика невремето.

И Загреб синоќа беше погоден од невремето, а пожарникарите интервенирале 34 пати.

За попладне во Истра се најавува смирување на бурата и постепено нормализирање на времето.