Балкан
5. August 2015 - 10:33

Хрватска одбележува 20-годишнина од операцијата „Бура“

Во хрватскиот град Книн рано изутринава започна одбележувањето на 20-годишнината од воено-полициската операција „Бура“, во која беа прогонети над 220.000 Срби, а околу 2.000 загинаа или исчезнаа.

Од Книн до Вуковар кон небото се пуштени 1.000 бели гулаби. Во Книн допатува целото државно раководство на Хрватска и по кревањето на државното знаме планирано е откривање на споменикот на основачот на хрватската држава Фрањо Туѓман.

Книн за време на војната беше „престолнина“ на самопрогласената „Република Српска Краина“, дел од територијата на Хрватска, која хрватските безбедносни сили ја презедоа под своја контрола со операцијата „Бура“ во август 1995 година.

Во Србија, пак, денеска е прогласен Ден на жалост, а точно на пладне ќе се огласат камбаните на сите цркви во земјата и сирени со сигнал за прекин на опасност, со што ќе биде означено едноминутно молчење за жртвите во војните од 1991 до 1995 година.