Балкан
27. September 2016 - 16:45

Хрватска компанија ќе гради најголем еолски парк во БиХ

Хрватската групација ДИВ најави дека ќе го гради најголемиот парк со ветерници во Босна и Херцеговина, јави Фена.

Според најавите, паркот ќе се наоѓа во близина на Томиславград, а неговата изградба треба да почне следната година.

Примарна дејност на ДИВ е бродоградежништвото и производството на валјаци и столбови за еолски централи.

Со новата инвестиција ДИВ планира да се вклучи на пазарот и како производител на електрична енергија од обновливи извори.

Планот на групацијата е до 2017 година во Хрватска и во други земји од регионот да инсталира електрани со ветерници со капацитети од 400 до 600 мегавати.

ДИВ поседува фабрики за валјаци во Самобор и Книн, бродоградилиште во Сплит, како и производни погони во Србија и БиХ.