Хрватска ќе врати околу 200 мигранти во Србија
Од викендот до денеска Хрватска прифати околу 200 мигранти, кои ги врати Словенија и тие се сместени во прифатните центри за странци и ќе бидат вратени во Србија, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се истакнува и дека граничната полиција засилено ја надгледува границата со Србија.
Хрватското МВР исто така наведува дека со оглед на најавите дека Австрија ги заострува критериумите за прифаќање на мигранти, полициската управа примила известување од словенечката полиција со која се запознаени и полициите во Србија и во Македонија.
И Словенија ги заостри критериумите и го ограничи влезот на мигранти на 2.500 лица дневно, како и дека ќе ги прифаќа само бегалците од воените подрачја, но не и тие кои сакаат да им се придружат на семејствата, да студираат или да се вработат во Германија или во Австрија.
- За сите актуелни прашања или можни решенија кои се однесуваат на мигрантската криза ќе се разговара на состанокот на шефовите на полицијата на земјите од рутата (Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија) на 18. февруари во Загреб, најави хрватското Министерство за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите