Балкан
12. December 2016 - 22:02

Хрватска ја блокира Србија во отворање на поглавјето 26

Хрватска го блокира отворањето на поглавјето 26, а српскиот премиер Александар Вучиќ најавува дека ќе го напушти Брисел и утре нема да присуствува на Меѓувладината конференција доколку Хрватска не ја повлече блокадата за неговата земја, пренесе српската ТВ „Прва телевизија“.

Премиерот Вучиќ денеска отпатува за Брисел, и доколку со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини не се постигне договор за деблокада на преговорите, тој уште вечерва ќе го напушти Брисел и нема да присуствува на утрешната меѓувладина конференција, на која ќе се разгледува отворањето на поглавјата, јави телевизијата, пренесена од Танјуг.