Кошарка
9. July 2016 - 23:35

Хрватска и Србија изборија пласман на Олимписките игри во Рио

Кошаркарските репрезентации на Хрватска и на Србија се пласираа на Олимписките игри во рио откако ги освоија првите места на квалификациските турнири што се играат во Торино и Белград.

Хрватска во финалето на турнирот во Торино го победи домаќинот на турнирот Италија по продолжение 84:78 (70:70). 
На турнирот во Белград Србија убедливо во финалниот дуел го совлада Порторико со 108:77.
На третиот турнир во Манила денеска се одиграа полуфиналните дуели: Канада - Нов Зеланд 78:72 и Франција - Турција 75:63.
Финалето Канада - Франција се играа утре.